10:00 AM
Този проект е съфинансиран от Европейския съюз чрез Програмата за трансгранично сътрудничество Interreg-IPA -
Развитие на екосистема за социално предприемачество - SEED
На 26 и 27 Ноември, 2020 година во хотел „Сириус“ (конференциска сала) - Струмица со почеток од 10.00 часот ќе се одржи Завршна прекугранична конференција - "Предизвици и социјално влијание на
социјалното претприемништво во МК - БГ прекуграничниот регион" и истата истовремено ќе се одвива во Македонија и Бугарија со онлајн врска.
Целта на оваа конференција е да се информира пошироката јавност со сите активности реализирани со проектот, да се презентираат најуспешните социјални идеи преточени во бизнис планови, да ги обедини претставниците на јавните власти, бизнис секторот, училиштата, универзитетие, невладините организации, медиумите со цел да се подигне свеста за можностите на регионот за социјална економија и да се дискутира за предизвиците и перспективите на истата.
Во врска со ситуацијата предизвикана од ширењето на КОВИД-19, Завршната конференција ќе се одржи во согласност со сите анти-епидемиски мерки и препораки на овластените здравствени тела.
Завршна прекугранична конференција за социјално претприемништво е организирана во рамките на проектот „Развој на екосистем за социјално претприемништво“, што се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
За подетални информации може да не контактирате на:
телефон 034-349-320 или на e-mail:rcsr@t.mk
Го очекуваме Вашето присуство.
Агенда за финална прекугранична конференција
Покана за финална прекугранична конференција
Този уебсайт е разработен със съдействието на Европейския Съюз чрез Интеррег – ИПП Програма за трансгранично сътрудничество CCI No 2014TC16I5CB006 - . За информацията и съдържанието, изложени в него, отговорност носи единствено Фондацията за развитие на малки и средни предприятияи - Струмица и не може по никакъв начин да отразява мнението на Европейския Съюз, участващите държави или Управляващия орган на Програмата.
SEED © 2022 • Сите права се задржани.