10:00 AM

  1. en
  2. mk
  3. bg

 

 

Oвој проектот е кофинансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка  -  

Развој На Екосистем За Социјално Претприемништво - SEED

15 October 2020

Проект  “Развој на екосистем за социјално претприемништво“

 

На 20-22 Октомври 2020г. во хотел "Сириус" ќе се одржи ТРИДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕКОСИСТЕМ ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО и истата истовремено ќе се одвива во Македонија и Бугарија со онлајн врска.

 

Ги покануваме претставниците на клучните институции од општина Струмица- општини, невладини организации кои поддржуваат социјални иницијативи и претприемништво, социјални институции, стручни училишта и центри за стручна обука, да учествуваат и да го споделат своето искуство, да дискутираат и да предложат решенија и да бидат дел од формирање на Советодавна група за социјално претприемништво.

 

Целта на работилницата е да се претстави и дискутира за концептот на екосистемот на социјално претприемништво во прекуграничниот регион Бугарија - Македонија, успешните европски практики на социјално претприемништво, социјалните иновации, придобивките и влијанието на социјалното претприемништво за целните групи, особено за младите, за општеството и социјалните економија, предизвици и потенцијал во прекуграничниот регион, политики и инструменти за поддршка, можности за создавање поволно опкружување за функционален екосистем - социјален и финансиски механизам за поддршка на социјалното претприемништво како општински фондови за социјални иницијативи.

 

Во врска со ситуацијата предизвикана од ширењето на КОВИД-19, работилницата ќе се одржи во согласност со сите анти-епидемиски мерки, во согласност со препораките на овластените здравствени тела.

 

Работилницата е организирана во рамките на проектот CB006.2.31.040 „Развој на екосистем за социјално претприемништво“, што се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија

 

Поради ограничениот број учесници - само 10 лица, потребно е регистрација до 14:00 часот на 16.10.2020 / Петок /. Ве молиме, Вашето присуство да го пријавите преку е-маил: rcsr@t.mk или на моб: 071/201-068 или на тел. број 034/ 349 320

 

Го очекуваме Вашето присуство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Агенда за тридневна работилница 20-22.10.2020

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Покана за тридневна работилница 20-22.10.2020

 

Тридневна работилница 20-22 октомври

Оваа веб страница е направена со помош на Европската унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI No 2014TC16I5CB006  - . Содржината на оваа веб страница е одговорност единствено на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Струмица и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

SEED © 2022 • Сите права се задржани.